ЦИПРАС ГО ОБЕЗБЕДИЛ ПОТРЕБНОТО МНОЗИНСТВО: Дури и Каменос да откаже гласање, Ципрас има адут кој ќе го изгласа договорот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Распоредот на силите во грчкиот парламент кога договорот за името би влегол на гласање, на прв поглед навестува неизвесен исход

Грчкото собрание има 300 пратеници, а за ратификација на спогодбата се неопходни 151.

Владејачката коалцијата, составена од Сириза и Независни Грци веќе го имаат потребното мнозинство. Но, работите, на прв поглед, не одат во прилог на Ципрас, откако лидерот на Независни Грци Панос Каменос и денеска го повтори категоричниот став.

-Ако на Скопје му го дадеме терминот Македонија и македонски јазик тоа ќе биде историски и монументален пораз за Грција. Независни Грци не прифаќаат решение во кое ќе биде содржан зборот Македонија, вели Панос Каменос, лидер на Независни Грци.

Со категоричното „охи“ на Каменос и со тоа, минус 9 пратеници на вкупното конто, Сириза на Ципрас останува покуса за 6 пратеника, неопходни за потврда на договорот. Но, само на хартија. Грчкиот премиер, според последните пораки од Атина, веќе го има ас во ракавот во лидерката на Движењето за промени Фофи Генимата и во лидерот на партијата Река Ставрос Теодоракис, кои заедно имаат 26 пратеника.

И во случај на Ципрас да му откажат лојалност 10 пратеника, според најпесимистичкото сценарио, математика вели дека грчкиот премиер повторно би ги имал неопходните 151 глас. Сепак, работите би се искомлицирале во случај да биде спроведено гласање со таканаречено зголемено мнозинство од 180 пратеници, кое се наметна како опција за прашања од национален интерес, модел зад кој, неофицијално стои и Брисел. Договорот, според редот на нештата, во Атина би требало да се гласа во декември годинава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This