March 29, 2024, 12:25 pm

ЦИПРАС СО ИСТИ МЕТОДИ КАКО ЗАЕВ: Обезбедени шест пратеници за ратификација на договорот – Венизелоз обвинува дека се киднaпиpaни!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како и што беше очекувано, Панос Каменос ја напушти владината коалиција со Сириза на Алексис Ципрас, откако претходно побара референдум за договорот од Преспа и вети дека неговите пратеници во грчкиот парламент ќе гласаат против доверба на грчката влада – пренесува „Ефимерида“


Овие планови за заминување на Каменос, пренесува Ефимерида, се направени од претходно бидејќи како што изгледа, ратификацијата на договорот веќе е договорена со што нема да се направи штета по владата на Ципрас. „Ефимерида“ пишува дкеа шест пратеници од „Независни Грци“ веќе се договорени да гласаат, а по „скопскиот модел“ тие ќе добијат соодветни награди, меѓу кои и министерски позиции во владата.

„Ефимерида“ ја пренесува изјавата на Еванелос Венизелос, која според весникот е доста индикативна:

Како што кажав, пратениците на ‘Независни Грци’ се киднапирани. Тие се внатрешно раселени лица. Политичката соработка помеѓу СИРИЗА и Независни Грци е на највисоко ниво. Сега Независни Грци се незаменлива компонента на СИРИЗА. Нема вредности, нема критериуми, граница не постои и сѐ е обична авантура“, рекол Венизелос.

Со помош на Панос Каменос, и покрај неговото излегување од владата, во среда кога е закажано гласањето на доверба на владата н Ципрас (со благослов на Каменос) ќе има четири гласа со кои ќе го надмине гласањето доверба.

Елена Контура, Василис Кокалис, Танасис Папакристопулос и Костас Зуари, се пратениците кои ќе гласаат за доверба на владата, со што ќе го продолжат животот на владеењето на СИРИЗА – пренесува „Ефимерида“.

Според грчкиот весник, за ратификацијата на Преспанскиот договор веќе се обезбедени шесте пратеници на Каменос, кои претходно имале значителни преговори со Ципрас за „обештетување“ .

Костас Зуари, и покрај неговите патриотски ‘испади’ против Преспанскиот договор, се подготвува да гласа за доверба на владата. Тој ќе го добие министерското место во Министерството за Македонија и Тракија, по заминувањето на Катерина Нотополу, која ќе биде кандидирана за градоначалник на Солун.

Друг член на „Независни Грци“, најверојатно Папакристопулос, не може да се исклучи од можноста дека ќе го пополни испразнетото место на Насос Илиопулос, заменик-министер за труд, кој ја завзема градоначалничката функција во Атина.

Елена Контура се очекува да гласа во корист на владата на Ципрас и Преспанскиот договор, и да го задржи местото во Министерството за Туризам.

Спирос Данелис, најверојатно нема да добие министерско место, но ќе добие загарантиран мандат на следните избори.

Дури и адмиралот Евангелос Апостолакис, според информациите, добил гаранции за министерското место во Министерството за Одбрана, каде ќе го замени Панос Каменос.

Со ова, се завршува процесот на Уставни измени во Македонија, по што и официјално ќе бидеме преименувани во Република Северна Македонија.

Во македонското Собрание, 81 пратеник гласаа „За“ промена на името, промена на преамбулата во која беше избришана декларацијата на АСНОМ и беа вметнати сите народи како државотворни, покрај Македонскиот народ.

Со договорот од Преспа, стапува на сила забраната за користење на „Мејд ин Маседониа“, повеќе нема да смееме Тесалоники да го нарекуваме Солун, а сите правни ентитети во Македонија ќе мора да го избришат „Македонија“ од своето име, во спротивно ќе плаќаат казни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This