April 20, 2024, 12:41 am

ЦРНА ГОРА ВО ПОТРАГА ПО 57 ИСЧЕЗНАТИ ГРАЃАНИ: Ќе се бараат лицата исчезнати во војните во поранешна Југославија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Црна Гора е во потрага по 57 свои државјани исчезнати во војните на подрачјето на поранешна Југославија во 90-те години на минатиот век, соопштија црногорските власти.

На територијата на Косово се бараат 44 лица, десет во Босна и Херцеговина и три во Хрватска, соопшти Владата.

Претседателот на владината Комисија за исчезнати лица Драган Ѓукановиќ и координаторот на Регионалната канцеларија на УНДП Ивана Јовановиќ договорија идна соработка и размена на информации важни за решавање на судбината на исчезнатите.

Договорено е Канцеларијата на УНДП да овозможи повеќе техничка и стручна помош во постапката на барање, размената на податоци и билатералната соработка со државите во регионот, се наведува во соопштението.

Црногорската Влада досега има потпишано протоколи за соработка со слични комисии во Хрватска, во Србија и во Косово, а во тек се преговори и со Советот на министри на БиХ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This