Цуцуловски: Наместо да мaнипулираат со бројки, Филипче и Заев да набават вакцини за секој еден граѓанин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на дебатната емисија „Што не е јасно?” на ТВ Алфа гостуваше универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски, кој зборуваше за предложениот полициски час од страна на министерот Филипче, пописот кој власта сака да го спроведе, како и на другите лоши владини политики.

Цуцуловски истакна дека симптоматично е тоа што власта во тек на процесот попис, дозволува Филипче да манипулира со бројките од пандемијата, бидејќи тоа во минатото не беше пример, бидејќи Филипче и Заев биле добро координирани кога станува збор за одлуките.

Тој посочи дека власта наместо да поигрува со бројките на заразени и починати, да се фокусира на набавката на вакцини, а не да дава изјави од типот дека не сакаат да земаат вакцини од држави кои не се од оние омилените на власта, за потоа да нарачаат руски вакцини, а истите да бидат донесени со српски авиони.

-Се сеќаваме како власта велеше дека чекаат вакцини од Фајзер, Астра Зенека и уште многу други, дури и лицитираше со огромни бројки, за на крајот да земеме едвај одреден број на вакцини од Русија со помош на српски превозник. Граѓаните не сакаат да слушаат политика, кога се работи за нивното здравје. Тие сакаат вакцини со кои ќе го заштитат своето и здравјето на своите најблиски, а со тоа ќе се намали и бројот на починати и заразени од вирусот. Власта мора да обезбеди вакцина за секој еден граѓанин, а доколку тоа не се случи, тоа ќе значи дебакл, додаде Цуцуловски.

-Премногу е некоректно да ги прилагодувате дневните биланси на заболени и починати, да го опипувате пулсот на граѓаните и да донесувате одлука за карантин или полициски час пред некој празник кој го слави најприсутната етничка заедница во земјата. Граѓаните тоа не го забораваат и добро го паметат, а за сето тоа и некој ќе треба да сноси последици, заврши Цуцуловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This