Цуцуловски: Според Устав ако мандатарот не формира Влада, мора да има нови избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВТОРИ ИЗБОРИ? Кога Стево Пендаровски ќе го довери мандатот на тој што ќе обезбеди парламентарно мнозинство, треба да биде свесен дека ако мандаторот (независно од кои причини) не успее да состави влада, според македонските закони, вклучувајќи го и Уставот, не е предвидено второ давање мандат, како што тоа го направи (од незнаење ли?) неговиот претходник, Ѓорѓе Иванов. На ова децидно упатува Член 90 од Уставот.

Во него, во ниту еден дел/став, не е предвидено второ давање мандат. Членот завршува со ставот: „Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“ – и т о л к у! Никаде не е предвидено второ давање на мандат. Притоа, тоа е единствениот член од Уставот во кој се определени условите за давање на мандат и формирање нова влада. Тоа значи дека (ако после првото и единствено можното законско давање мандат) не дојде до формирање на влада, нужно следат нови избори. На ова укажував и во 2017 година, кога Ѓорѓе Иванов мандатот (после неуспехот на Груевски да формира влада, заради недостиг на парламентарно мнозиство) го довери на Заев. Во прилогот (фотографијата) го пренесувам во целост Член 90 од Уставот.

ВТОРИ ИЗБОРИ? Кога Стево Пендаровски ќе го довери мандатот на тој што ќе обезбеди парламентарно мнозинство, треба да…

Posted by Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski on Wednesday, August 5, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This