Цpно ни се пишyвa: Лекapите очекуваат нapeдната нeдeлa да имaмe до 1300 cлyчaи на дeн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Први се на удар лицата со хронични болести. Со ваков загаден воздух, нив им се намалува имунитетот на белите дробови. Тогаш ќе биде вистински хаос, нема да знаеме кој од каде се заразил, каде се контактите“, загрижувачки вели доктор Ненад Лазаров.

Со своите последни атоми здравствените работници се борат против новиот налет на корона вирусот, а болниците низ земјава се преполни. И тука се доаѓа до констатацијата дека нашото здравство не успеа добро да се справи со оваа зараза.

„Ние не бевме подготвени и лани, кога немаше Ковид-19. Тоа јавно се говори и не знам зошто луѓето се изненадени. Веќе не се издржува, преморени сме. Но, допрва ќе доаѓа најлошото. Ова е очекувано, со оглед на однесувањето на многу луѓе. Оваа бројка е од заразени од минатата седмица, па ќе доаѓаат нови кои во меѓувреме се заразиле. Ако оваа седмица имаме од 600 до 800 случаи, наредната седмица треба да очекуваме 1200-1300 случаи дневно“, смета Лазаров.

Извор: Фокус

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This