Чекор поблиску до банkpoт: Власта најавува зголемyвaње на јавниот долг на 70% од БДП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преставниците на власта се почесто почнаа да во јавноста да ја пласираат тезата дека ако е потребно, јавниот долг ќе го зголемат за нови 10% кој би изнесувал 70% од Бруто домашниот производ.

Во неможност да ја менаџирааат добро економската криза која беше предизвикана од пандемијата со корона вирусот, власта ќе не задолжува за нови 10% од БДП, како што велат ако било потребно.

Ова покажува дека еконмската и финансиска состојба во Македонија е многу лоша, државниот буџет е празен и покрај високото задолжување до сега. Покажува дека исто така и мерките кои власта ги димензионирала не ги таргетирала добро така што не го дадоа предвидениот ефект.

Имено, можноста за пораст на јавниот долг на ниво од 70% од БДП, пред некој ден го најави вицепремирот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Тој во емисијата „Уметноста на финансиите“ која се емитува на телевизија Клан Македонија, призна дека е точно дека власта предводена од СДСМ, од почеток на годината до сега го јавниот долг го зголемиле за 10 отсто кој сега изнесува 60% од БДП.

За него не се релевантни критериумите од, како што вели од некојси, Мастришкиот договор за нивото за јавниот долг, затао што годинава земјава се наоѓа во екомонска криза.

-Вистина е дека од почетокот на пандемијата, од почетокот на годината ние го зголемивме јавниот долгот поради побарувањата кои ќе дојдат, плус буџетските потреби, плус потребите за справување со економската криза и со пандемијата, речиси 10% од ДБП. Да тој е зголемен за 10 проценти. И јас велам дека е потребно и ако треба и ако е за доброто на граѓаните да одиме и на ниво од 70%, рече Битиќи.

При образложението за зголемувањето од 10% на јавниот долг кој во опасулутни бројки е повеќе од една милиарда евра, Битиќи вели дека таа не е голема сума, споредувајќи ја Македонија со Белгија, која има балеку поразвиена економија од нас. А кај нас, со актуелната економска криза, македонската економија е пред колапс.

Тој исто така прифаќа дека го зголемија буџетскиот дефицит на Македонија на исторски највисоко ниво до сега, при што додава дека поради ова зголемување, за што многумина експерти кажаа дека и не е потребно, како пример можеби ќе се изучуваат во учебниците за менаџирање на јавните пари.

Ние направивме еден чекор, кој за многу економисти е храбар чекор. Некој вели дека можеби не требаше да го правиме. Навистина го зголемивме буцетскиот дефицит, на историско ниво, за што можеби, во наредните години и ќе не пишуваат во теориите за менаџирање на јавните пари, додаде Битиќи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This