Чепреганов: Нека кажат Бугарите што е фaлcификувано и нека покажат оригинали

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Историчарот Тодор Чепреганов се спротивстави на тврдењата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски дека македонската историја крие факти кои не ѝ одговараат. Тој во интервју за Слободен печат, кое во целосна верзија можете да го прочитате со клик тука, ги оспори тврдењата на Георгиевски како целосно неосновани.

„Во многу документи, книги и монографии што ги издала македонската историска наука е наведено тоа што го зборува тој и не се крие дека револуционерите биле учители на бугарската егзархија. А што и можеле друго да бидат во тоа време кога постоеле само бугарски, српски и грчки училишта во кои учело македонското население? Но, одењето во одредена црква или училиште не е национална припадност“, вели Чепреганов.

Поранешниот премиер на гостување во емисијата „24 отворено“ во дебата со историчарот и лидер на Македонски концепт, Петар Богојески, обвини дека македонската историографија крие факти за бугарското влијание во Македонија во времето пред и по Илинденското востание.

„Георгиевски испушта да каже дека меѓу револуционерите имало борби и спротиставени мислења за тоа дали во Македонија треба да има бугарски или македонски училишта на кои ќе се учи на македонски јазик. Шапкарев велел дека македонските деца не го разбираат бугарскиот јазик. Георгиевски во своите погледи и толкувања на минатото се фаќа за оние делови каде доминира бугарското, јас како македонски историчар се фаќам за делот каде доминира македонското. Бугарската, српската и грчката пропаганда од тоа време го разорија македонското национално ткиво и последиците се чувствуваат до денес“, додава тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This