Честитка од Пендаровски за Рамазан бајрам: Да останеме претпазливи и дисциплинирани и да ги почитуваме препораките во борбата со Ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните со исламска вероисповед, со желба празникот да го поминат во среќа, добро здравје и во хармонија со најблиските.

На крајот на светиот месец Рамазан, по еден месец пост, посакувам сите ваши молитви да бидат слушнати и кај сите верници да преовладаат солидарноста, разбирањето и помагањето на оние на кои им е потребна помош. Овој празник нека нè потсети дека само со заеднички заложби и меѓусебна почит ќе можеме да ги одржиме живи вредностите што нè обединуваат и ни обезбедуваат меѓучовечко разбирање и поубава иднина, се вели во честитката на претседателот на државата.

Тој истакна дека оваа година, празникот Рамазан бајрам го чествуваме во период кога не само нашата држава, но, и целиот свет, се соочува со една од најголемите закани за човештвото.

Ја користам оваа можност да ви се заблагодарам за вашите досегашни напори и за посветеноста во спроведувањето на мерките за заштита од пандемијата. Ве повикувам да останеме претпазливи и дисциплинирани и да ги почитуваме препораките во борбата со Ковид-19 за да излеземе на крај со овој генерациски предизвик и да обезбедиме здрав живот за сите нас во иднина, порача претседателот Пендаровски.

Празникот Рамазан бајрам нека донесе мир во вашите срца, спокој во душите, радост и слога во домовите, се вели на крајот од честитката на шефот на државата

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This