Чибишев до Филипче: Уште една крајно необмислена, несериозна, штeтна и опacна одлука и за граѓаните и за медицинскиот персонал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште една крајно необмислена, несериозна, штeтна и опасна одлука на Министерот Филипче и дел од раководителите на интернистичките клиники во Клиничкиот центар. Како што пренесуваат дел од медиумите, се предлага сите пациенти кои имаат потреба од хоспитализација на некоја од интернистичките клиники да се опсервираат на Универзитетската клиника за токсикологија како ургентен интернистички центар, да се тестираат на Ковид 19 вирусот, до добивањето на резултатот да чекаат во просториите на Клиниката и по добивањето на резултатот соодветно да се тријажираат, оценува доктор Андон Чибишев.

-Предлогот или иницијативата, се крајно штетни како за целокупната ситуација во државата, за вработениот персонал на Клиниката и за сите пациенти кои секојдневно бараат помош во оваа институција. Универзитетската клиника за токсикологија покрај акутни труења , според одредби во Статутот на клиниката згрижува и ургентни интернистички состојби. Меѓутоа, Клиника по ниту еден основ не ги исполнува минимум условите за овој начин на работа во актуелната епидемиолошка состојба. Според критериумите на Светската здравствена организација клиниката нема ниту просторни, ниту кадровски потенцијал а да не зборуваме за опременоста со соодветна медицинска опрема, истакна тој.

Понатаму, Чибишев пишува:

Ако сите пациенти кои доаѓаат на клиниката треба да се тестираат и да се чека резултат, се поставуваат неколку практични прашања:

1. Каде ќе бидат сместени овие пациенти кои ќе чекаат резултат со оглед на тоа дека Клиниката нема посебен простор во кој овие пациенти ќе бидат изолирани. Значи, ќе бидат во контакт со останатите амбулантски и хоспитални пациенти кои во моментот ќе се затекнат на Клиниката. Можноста за зголемена трансмисија и појава на нови извори на ширење на инфекцијата ќе бидат пуштени на најјако.
2. Што ќе се случува со пациентите кои имаат потреба од итна и неодложна субспецијалистичка стручна помош додека тие чекаат резултат од Институтот за јавно здравје. Дали тоа значи дека овие пациенти ќе бидат осудени да бидат жртви на неорганизираноста и несериозноста на предлагачите на ваквата иницијатива. Кооперативноста и соработката со другите интерни клиники се посебна приказна.
3. Што ќе се случува со персоналот на Клиниката кои ќе бидат во контакт со овие пациенти ? Дали после контактот ќе одат во самоизолација ? Дали со тоа за кратко време Клиниката ќе биде нефункционална и ќе биде ставена надвор од системот заради немање на персонал а Универзитетската клиника за токсикологија е единствена институција на територијата на Македонија која згрижува акутни труења кои во најголем број се со тешка и животозагрозувачка клиничка слика.
4. На крајот ги прашувам надлежните што се случи со Интернистичкиот ургентен центар кој ќе беше сместен во монтажните бараки кои се наоѓаат непосредно до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и во кој ќе дежураа екипи од сите интерни клиники вклучувајќи ги докторите и персоналот од Клиниката за токсикологија. Или, се изнајде колатерално решение.

Ги повикувам Министерот Филипче и неговите советници да ја преиспитаат ваквата одлука и да дојдат на Клиниката и заедно со стручниот колегиум да изнајдеме заедничко решение кое ќе биде во интерес на пациентите и здравствените работници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This