ЧИЈ БЕШЕ МОТОРОТ ШТО ГО ВОЗЕШЕ ЗАЕВ: БМВ-то било во сопственост на семејната фирма „Тотал Инженеринг“ – нема одговор за милионскиот возен парк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев не го ставил моторциклот кој го возеше вчера во Крушево во неговиот анкетен лист затоа што тој не е во негова лична сопственост туку е во сопственост на семејната компанија на Заеви, Тотал инжинеринг – открива во изјава за Лидер.мк, портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

-Моторциклот кој што го користеше претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев не е во негова лична сопственост и поради тоа не е наведен во неговиот анкетен лист. Возилото е во сопственост на семејната компанија Тотал инжинеринг и за него се платени сите давачки во согласност со законите и прописите во Република Македонија. – вели Бошњаковски во изјава за Лидер.

Инаку, Тотал инженеринг е градежна компанија од Струмица која е во сопственост на братот на премиерот, Вице Заев. Која е потребата една градежна компанија да поседува моторцикл, останува непознато. За слична набавка, односно, користење за лична употреба на работи набавени на име на фирма, Специјалното Јавно Обвинителство ги терети Главниот и одговорен уредник на ТВ Сител, Драган Павловиќ – Латас и неговата заменичка Ивона Талевска.

Инаку премирот вчера возеше моторцикл БМВ, од моделот K 1600 GT/GTL Excl, кој од застапниците во Македонија се продава по цена од 29.990 евра и важи за еден од најскапите и најексклузивни моторцикли на пазарот. Повеќе информации за цената, дистрибутерот и моделот, на следниот линк.

Изостана сепак одговорот во врска со возниот парк на Заев кој со сигурност изнесува повеќе од еден милион евра, а ниту еден од автомобилите кои се во сопственост на семејството Заеви не е вметнат во анкетниот лист на премиерот.

Имено, неговото потесно семејство поседува уште неколку лускузни возила, меѓу кои Мерцедеси, Поршиња, БМВ и секако неизбежното Ауди А6 и А8. До неодамна впрочем Заев се возеше со Ауди А8Л, вредно преку 100.000 евра.

Во поскоро време се вози со Мерцедес „С“ класа, со кој неретко може да се забележи како пристигнува во судот.

Ниту едно од овие возила, кои заедно со сигурност ја надминуваат вредноста од еден милион евра не е запишана во анкетниот лист на Зоран Заев. Освен Порше Кајенот, Панамера, Ауди А6 и А8, Мерцедес С класа, како и мотоциклите БМВ и Јамаха – четирицикл кој го возеше заедно со ген.секот на владата Драги Рашковски – семејството Заеви поседуваат и многу други „поефтини“ возила.

Моторциклот кој вчера го возеше Зоран Заев, носи регистарски ознаки кои завршуваат на неговите инциијали – З.З.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This