Чулев остварил средба со членови на Здружението на лoвци од Охрид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вчера остварил работна средба со членовите на Здружението на ловци од Охрид, каj која станало збор за за проблемите со кои тие се соочуваат, а се од делокругот на работа на МВР.

-Членовите на здружението ме информираа дека се соочуваат со административни потешкотии во делот на постапката за издавање на дозволи за поседување на оружје која некогаш трае и повеќе од една година. Заеднички се согласивме дека за надминување на овој проблем потребна е измена во законската регулатива, на што интензивно ќе работиме, напиша денеска на својот фејсбук профил министерот Чулев.

Заеднички констатирале, како што пишува Чулев, дека Министерството за внатрешни работи треба да биде партнер на овие здруженија кои меѓудругото имаат значајна улога и во областа на ловниот туризам кој треба да се развива имајќи го предвид потенцијалот кој го има нашата држава во ова поле.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This