April 25, 2024, 12:02 pm

ЧУЛЕВ СЕ СРЕТНА СО АМБАСАДОРИТЕ НА ХОЛАНДИЈА, ХРВАТСКА И УНГАРИЈА: Обезбедуваме фер и демократски избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот Чулев на својот Фесјбук профил објави дека денес во текот на денот остварил низа протоколарни активности со странски претставници во Република Македонија.

Според објавата, тој се сретнал со амбасадорите на Холандија, Хрватска и Унгарија.

На неговиот Фејсбук профил може да се забележи дека во текот на денот остварил средба со амбасадорот на Чешка и Шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје.

Во објавата Чулев накратко брифира за пораките кои биле пренесени на секоја од средбите.

Со Амбасадорот на Холандија Н.Е. Дирк Јан Коп заеднички беше потврдена единствената алтернатива на Република Македонија-членството во ЕУ, која треба да се потврди и преку организирањето фер и демократски избори“ , напиша Чулев.

Чулев и амбасадор на Република Хрватска Н.Е. Нивес Тигањ се согласиле дека соработката меѓу министерствата за внатрешни работи е исклучително позитивна, со се поголем интензитет особено во областа на миграциите.

Потврда за ова е учеството во заедничките операции на хрватските полициски службеници на македонско-грчката граница, вели Чулев.

На Амбасадорот на Унгарија Н.Е. Лазло Иштван Дукс од страна на Министерот за внатрешни работи му била пренесена голема благодарност за помошта на Унгарија во справувањето со миграциската криза, особено со упатувањето унгарски полициски службеници на нашата јужна граница. Заеднички биле потврдени добрите билатерални односи меѓу двете држави, но и помеѓу Министерствата за внатрешни работи, кои се на исклучително високо ниво.

Претходно во текот на денот се сретнав со Шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје, Полковник Зоран Јанковиќ и Амбасадорот на Чешка Република Н.Е. Мирослав Томан, заклучува Чулев на Фејсбук.

Интензивен работен ден, полн со протоколарни активности. Во низата средби со странските преставници ја потврдуваме…

Posted by Наќе Чулев on Thursday, January 16, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This