ШЕКЕРИНСКА ДОБИЛА ДИРЕКТИВИ ОД НАТО: Ќе мора да отстранува високи функционери во МО бидејќи биле соработници на странски служби!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стигнати се насоки од НАТО до Армијата, дека во кабинетот на Радмила Шекеринска и во Генералштабот на Армијата има лица кои се на исклучително високи позиции, а се соработници на надворешни странски служби. Ова во интервјуто за „Лидер“ го вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Николоски додаде дека јасно му е зошто меѓународната заедница не навлегува во суштината на Договорот.

Тие велат доколку грчката и македонската Влада го потпишале Договорот од Преспа, веројатно се согласиле со него. Тоа што ние имаме ваква неспособна и капитулантска влада да потпише договор, кој никој не би помислил ни да го преговара, е проблем на владата, не е проблем на меѓународната заедница, рече Николоски.

На прашање зошто ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на подигнувањето на знамето на НАТО пред Влада, Александар Николоски вели дека треба прво да се разјасни пред граѓаните дека земјава сè уште не е член на НАТО, а ќе стане член кога сите парламенти на сите 28 земји членки на НАТО ќе го ратификуваат Протоколот за членство, а тоа најрано би се случило пролета следната година.

Тој вели во овој период Армијата треба да спроведе сериозни реформи и ексклузивно истакна дека се стигнати насоки до Армијата дека во кабинетот на Шекеринска и во Генералштабот на Армијата за лица кои се на исклучително високи позиции, исто така и во военото разузнавање, кои што се соработници и на надворешни странски служби и истите мора да бидат отстранети за Македонија да биде кредибилен партнер, односно да не излегуваат информации надвор од НАТО.

Кога ќе се заврши овој процес тогаш ќе станеме членка на НАТО и тогаш ќе зборуваме за кревање знамиња, вели Николоски.

Погледнете го и останатиот дел од интервјуто:

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This