ШЕФОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА СМЕТА ДЕКА ЌЕ ИМА ВОЈНА НА БАЛКАНОТ: Јункер предупредува на нова војна во Македонија, Албанија, БиХ и Р.Српска!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер ги предупреди САД дека на Балканот се заканува опасност од нова војна, доколку Европската Унија пропадне, пренесува „Фајненшл Тајмс“.

kosovo_arkan_vojska

Јункер тоа предупредување му го пренел на потпретседателот на САД Мајкл Пенс минатиот месец во Брисел.

Откривајќи детали од тој разговор, Јункер вели дека е изнервиран и изненаден од ентузијазмот на американскиот претседател Доналд Трамп поради излезот на Британија од ЕУ, па имал потреба да ја предупреди Америка од последиците на таквото однесување.

Трамп не разбира колку е комплицирана историјата на Европа, тврди Јункер и додава дека затоа го предупредил неговиот потпреседател дека Вашингтон не би смеел да охрабрува и други земји да го следат „Брегзит“.

junker

„Му реков на потпретседателот Пенс: немојте тоа да го зборувате, и да повикувате други да излезат, бидејќи ако Европската унија пропадни, ќе имате нова војна на Западен Бакан“, рекол Јункер.

Затоа, смета Јункер, „важно да се понуди европска перспектива“.

„Во спротивно, ако ги оставиме сами – Босна и Херцеговина, Република Српска, Македонија, Албанија, сите тие земји, ќе имаме повторно војна на Балканот“, наведува шефот на Европската комсија.

16 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This