ШЕЌЕРНСКА И ХАРАДИНАЈ, ПРВИ ДРУГАРИ: Што ги поврзува Заев, Шеќеринска и воениот злосторник Рамуш Харадинај?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Харадинај знае дека нема доволно сојузници кај меѓународната заедница, макар кога станува збор за лидерите на водечките земји, но се знае дека има големо и силно упориште во најекстремниот дел на бившите членови на таканаречената ОВК/УЧК. Неговото политичко образование е многу скромно, но војничкото и те како високо

Но, занемарувајќи ја меѓународната изолираност на Харадинај, тој другари и одлична соработка си пронајде во Македонските политичари, кои наспроти ветувањата дека ќе ја придвижат Македонија чекор понапред во евроатлантските интеграции, меѓународната активност им се сведе на локални терористички лидери.

Харадинај е човек кој Американската амбасада го одби за виза поради неговите екстремистички и националистички тенденции, бранејќи ги ставовите на терористичката УЧК против формирање на специјалниот суд за воени злосторства на Косово, по барање на САД.
Со тешки маки доби и Британска виза, но само откако декларативно се заложи дека ќе ја повлече поддршката за стопирање на проектот за специјален суд.

Харадинај инаку важи за еден од најбруталните терористички лидери на Балканот, вмешан во низа на злосторства против човештвото, а се поврзува и со аферата „Жолта куќа“ од која се тругваше со човечки органи.

Сегашниот косовски премиер, беше првоосомничен од светските безбедносни аналитичари како одговорен и организатор на терористичката група која во мај 2015. година го нападна Куманово, односно населбата „Диво Насеље“, а подоцна организираше и терористичка група со цел ослободување на заробените терористи, која навлезе на Македонска територија преку липковскиот регион и се приближи до Скопје кај Арачиново.

Но, меѓународната изолација, терористичкото минато и вмешаноста во трговијата со дрога, нафта, оружје и човечки органи не претставува проблем за Радмила Шеќеринска и Зоран Заев.

Впрочем и самиот Заев го убедуваше Мендух Тачи да му се приклучи, затоа што тој заедно со Харадинај биле подготвувани од „големите од надвор“ за лидери во регионот.

15 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This