ШИЛЕГОВ ОБЈАВИ „ВOJHА“: Им се зakaни со kaзни на дипломатите во Македонија за нeпрописо паркирање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Град Скопје ги повика амбасадите на странски држави во нашата земја да си ги паркираат прописно своите возило или ќе добијат ист третпан како и сите останати.

Во изминатиов период, градоначалникот на Град Скопје неколкупати писмено се обраќаше до амбасадите кои не ги почитуваат прописите за паркирање со потсетување дека своите службени возила треба да ги паркираат на површини означени како паркиралишта. Контролорите на ЈП „Градски паркинг“ секојдневно се соочуваат со нeпрописно паркирани возила со дипломатски таблички. Град Скопје стои на ставот дека законите треба да важат за сите, а и во Виенската конвенција за дипломатски односи се наведува дека дипломатските претставници треба да ги почитуваат локалните закони и прописи. Дипломатските возила треба да бидат уредно паркирани и притоа да не ја загрозуваат безбедноста на другите учесници во сообраќајот, ниту да го попречуваат движењето на пешаците и на велосипедистите, соопштија од Градот.

Оттаму апелираат сите навреме да си плаќаат паркинг за да не бидат казнети и да не им се поставува блокатор на тркалото и потсетуваат дека може да се плати преку СМС порака или со греб-картичка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This