March 28, 2024, 11:36 am

ШКАРИЌ УШТЕ ВО 2008-МА ПИШУВАЛ ДЕКА ИМЕТО Е ИДЕНТИТЕТОТ: Името го одредува и докажува постоењето, не постои нешто што нема име, не постои име кое не означува нешто, Македонија го носи ова име непрекинато 2500 години!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Светомир Шкариќ во својата книга ,,Спорот за името меѓу Грција и Македонија’’ во 2008 година пишува дека ,,Името го одредува и докажува постоењето!’’ Понатаму тој пишува дека ,, Не постои нешто што нема име,не постои име кое не означува нешто! Македонија го носи ова име непрекинато 2500 години!’’

Имено Шкариќ вели дека предлагањето на ново име од грчка страна ќе доведе до дезинтеграција на Република Македонија и нејзино исчезнување како самостојна држава.

-Во таков контекст, Република Грција со предложеното име всушност се залага за дезинтеграција на Република Македонија и за нејзиното исчезнување како самостојна државa, вели Шкариќ.

Професорот по уставно право Светомир Шкариќ со децении беше противник на промената на уставното име на Република Македонија и беше еден од нај проминентните и принципиелните професори кои се бореа за зачувување на уставното име. Денес тој има ставови сосема различни од оние што жестоко ги бранеше од независноста. Сега проф. д-р Светомир Шкариќ вели дека без Договорот со Грција, Македонија и натаму ќе остане без државно име на меѓународен план.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This