Што е најголем неуспех во политиката?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога наместо едно општество за сите, вие преку “раздробено општество“ и “антиопштествен дух“, со криминал, корупција, кронизам, клиентелизам и непотизам, правите држава на мафијата.

Кога еднаш ќе добите предупредувачка порака од граѓаните, и ќе продолжите и понатаму по свое.
Кога втор пат ќе добиете иста таква порака од граѓаните, дури и полоша, и повторно ќе продолжите да си го терате ќеифот.

Кога за својот народ ќе изјавите дека е е… народ.

Кога за соработниците од граѓанските асоцијации ќе изјавите дека се збир на шуто и рогато.
Кога за вас како власт за ковид-пандемијата виновни се граѓаните, а не задоцнетиот и неефикасниот кризен менаџмент на вашата влада.

Кога со рака на срце се претставувате многу чувствителен и хуман, а политичкиот противник и граѓаните ќе ги наречете зло.

Кога за политички противник имаш дама и поради страв од пораз, истата просјачки ја навредуваш.
Кога поради победа по секоја цена на избори, во кампањата употребуваш јазик на пештерата и однесување карактеристично за џунгла.

Кога на избори наместо да ги убедувате граѓаните, вие ги присилувате.

Кога на избори нема да поминеш така како што посакуваш.

Кога по секој твој изборен успех, следува голем изборен неуспех.

Кога од општините ќе направиш темносиви банкротирани паланки, а тоа ќе го прикажеш како прогрес и голем успех.

Кога секој ден кажувате дека работите ќе ги промените на подобро, а за таква промена ништо, ама буквално ништо не превземате.

Кога ќе изјавите дека ние загубивме, ама ВМРО-ДПМНЕ не победи.

Кога губите на избори, а мислете дека сте победник.

Кога ќе ја добиете власта, и веднаш на првите избори ја губите.

Кога никако не можете да научете чесно и одговорно да владеете.

Кога ќе изјавите дека го слушате гласот на граѓаните, а работите против нивните интереси.

Кога во сопствената држава политичкиот систем го правите неефикасен.

Кога во државата правите мафија како систем на моќ.

Кога дозволувате државата да ви е се послаба, а мафијата во неа се помоќна.

Кога поради професионален пркос, бескрупулозно менувате луѓе од функција.

Кога 14 луѓе се пеплосани во модуларна болница, а вие изјавувате дека е банално да се разговара за таа трагедија.

Кога 14 луѓе ќе ви пеплосаат во модуларна болница, а вие не помислувате на одговорност.

Кога крајно неетички не прифаќате министерски оставки, дадени од морални причини.

Кога ќе ве прашаат за одговорноста за 14 пеплосани луѓе во модуларната болница во Тетово, а вие ќе речете дека, политичарите се во изборна кампања и животот продолжува.

Кога како власт Македонија ја претворате во тоталитерна држава на Орвел, а со полна уста и на сет глас пропагирате слобода и човекови права.

Кога на граѓаните им го нудите најдоброто за нивната општина, а тие ќе ја прифатат понудата на вашиот политички противник.

Кога владеете и со полна уста пропагирате еднаквост, правда и правичноста, а во реалноста граѓаните го губат чувството на сигурност.

Кога сте на власт, а сте слепи, глуви и без рацио.

Ете, после сето ова вие сте синоним и поим за најголем неуспех во политиката.

Пишува: Сотир Костов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This