ШТО ИМА ЗАЕДНИЧКО СТИВЕН ЏЕРАРД, ЗАЕВ И ЕКС ПРАТЕНИК НА СДСМ: Фамилијата Заеви главни во бизнисот со кaнaбиc!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лиценца да водат бизнис со кaнaбиc за медицински цели добија 15 компании, а постапката на избор траела шест месеци, пренесува Прессинг.

Ова се фирмите кои ги добија:

Каба Хербал во Кочани, Оаза алкалоиди во Карбинци, Медицал 420 во Битола, 5 летерс во Ресен, Мам во Свети Николе, АЦПВ во Гостивар, Фарма Медика Кaнaбиc во Валандово, Ф&M 2017 во Гостивар, Фармаролли во Скопје, Греен лифе во Валандово, Кaнaбиc про во Струмица, Т.Х.Ц. Куалити гроуп во Росоман, Хелтх медикал солутионс во Гевгелија, Бул-Билдинг во Струмица и РСБ солутионс во Карбинци.

Која е Каба Хербал која одгледува мариxyана во Кочани?

Каба Хербал основана со странски капитал, е регистрирана во Скопје на 12.01.2017 година. Сопственичка е Емилија Котевска-Аврамчева која има адреса на живеење во Полска.

Која е Оаза алкалоиди фирмата која сади во Карбинци?

Оаза алкалоиди е регистрирана на 13.06.2016. Според јавно достапните податоци во годината кога се регистрирале имале приходи од само 253 денари, а расходи немале. Но само една година подоцна нивните приходи растат на 626.016, а расходи повторно немаат. Како сопственици се јавуваат штипскиот бизнисмен Славе Ивановски, Зоран Стевиќ, Ивана Штериова и бугарскиот државјанин Александар Атанасов Памуков. Ивановски одредни медиуми го поврзувале со фамилијата Заеви како партнер во неколку фирми.

Која е Медицал 420 која има нива во Битола?

Фирмата е регистрирана на 25.09.2017-та година. Како сопственици се јавуваат Тони Гашовски, српскиот државјанин Слаѓан Икониќ, Петар Прчков и Саде-Селективно земјоделие, Развој и претприемништво ЛТД.

Која е 5 летерс?

„5 летерс“ од Ресен, сопственици се ресенчанецот Зоран Јаневски и Крис Алан Свафер од американската држава Мичиген.

Во чија сопственост е Мам во Свети Николе?

Оваа компанија која доби лиценца за одгледување на кaнaбиc е основана во 2011та, како компанија за одгледување на зеленчук, а прв сопственик споственик е Зоран Додевски и трговското друштво Фитохемија. Но откакоја добива дозволата за одгледување на кaнaбиc, во сопствеништвото на компанијата влегува и словенечката Фрејхер со седиште во Љубљана. Подоцна, во сопствеништвото влегува и струмичката компанија Еленица, а управители се Трајче Заев, братучед на премиерот Зоран Заев и Словенецот Томаж Фрелих. Во март лани, во сопствеништвото влегуваат и компаниите Зора од Охрид и Урбан План Конструктион од Тетово.

Кои се АЦПВ ?

Фирмата е регистрирана во гостиварското село Беловиште. Според податоците од Централниот регистар, сопственици на оваа фирма формирана во септември 2017 година се Џарије Кодра од Беловиште и албанскиот државјанин Кујтим Пупулеку.

Компанијата се поврзува со уште една фирма од истиот сектор, „Ф&М 2017“, формирана во декември 2017-та година со седиште во Врапчиште. Сопственици на фирмата се Мирзана Кодра, исто така од гостиварско Беловиште и уште еден албански државјанин – Фатмир Меркај.

Лицата со презиме Кодра се дел од семејството на познатиот бизнисмен од Беловиште, Веби Кодра, кој поседува неколку фирми што во значајна мера работат токму во Албанија. Како што е познато, тој беше кандидат за пратеник од малата партија на Хисни Шаќири во 2011 година.

Фарма Медика Кaнaбиc

Фарма Медика Кaнaбиc одгледуваат кaнaбиc во Валандово. Како сопственици на компанијата се јавуваат братучедите на премиерот, Катерина Бојовиќ Заева, Бобан Заев и Трајче Заев.

Која е компанијата Фармаролли која одгледува мариxyана во скопско?

Формирана е на 05.10.2017та година. Управител на компанијата е Стивен Џерард Маллој. А како сопственик се води компанијата со исто име „ФармаРолли Холдингс Б.В.“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This