Што ја прави уникатна Тијана Дапчевиќ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Таа е една од ретките македонски уметници препознатлива по својот талент, но и оригинален изглед. Пејачка, актерка, водителка, едноставно шоумен. Но, овојпат во фокусот не се нејзините успеси на професионален план, туку уникатниот стил, кој таа го негува со години и со кој остава посебен печат.

Тоа што последните неколку години е тренд кај светските ѕвезди е заштитен знак за македонската дива. Станува збор за очилата и тоа како обичните, така и оние за сонце, во различна форма и големина, кои во комбинација со кратката руса коса, станаа детали по кои Дапчевиќ се разликува од останатите. Овој моден додаток во комбинација со прекрасната насмевка и минималната шминка, придонесува таа да изгледа впечатливо во секој поглед.

Кога веќе го споменавме стилот, тоа што исто така треба да се нагласи е дека Дапчевиќ е вистински камелеон во однос на модните парчиња. Апсолутно ефективно изгледа во кежуал изданија, но и заводливо во елегантни тоалети, кои совршено ја истакнуваат нејзината телесна форма.

Извор:женски магазин

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This