Што ce cлyчyва? – Фejcбyк вчepa пaк пaднa, од компанијата твpдaт дeкa ги отcтpaнилe пpoблeмитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фејсбук ги отстрани проблемите што предизвикаа втор прекин на неговата работа оваа недела и им се извини на корисниците.

Синоќа, Фејсбук, Месинџер и Инстаграм повторно станаа недостапни за корисниците во некои делови на светот. Според податоците на веб -страницата Downdetector, корисниците пријавиле прекини во работата на социјалните мрежи. Компанијата соопшти дека падот е предизвикан од „погрешна конфигурација“ на рутерите.

Искрено Се Извинуваме Ако Немавте Пристап До Нашите Социјални Мрежи Во Последните Неколку Часа. Го Отстранивме Проблемот И Ви Благодариме Уште Еднаш За Трпението Оваа Недела, Се Нагласува Во Објавата На Фејсбук.

Податоците за проблемите со Фејсбук почнаа да се појавуваат вчера по 20 часот. Корисниците во САД и Европа изразија незадоволство од работата на страницата и мобилната апликација. Неколку минути по првите известувања за прекини на Фејсбук, имаше и извештаи за проблеми со Инстаграм. Во понеделникот, Фејсбук, Месинџер, Инстаграм и Ватсап беа недостапни со часови во многу делови на светот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This