Штeтата во Бејрут достигна 15 милијарди долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гувернерот на Бејрут, Марван Абуд изјави дека штeтата предизвикана од моќната еkсплозија во пристаништето може да биде поголема од претходно објавените бројки и да достигне дури 15 милијарди долари, пренесува телевизискиот канал „Арабија“.

„Штетата направена на земјата е поголема од она што беше најавено и може да се движи од 10 до 15 милијарди долари“, се вели во соопштението.

Во Бејрут е воведена вонредна состојба 14 дена и може да се продолжи, рече либанскиот министер за информации Манал Абдесамад по вонредниот состанок на владата.

„Вонредната состојба во Бејрут се воведува веќе две недели и можно е таа да биде продолжена“, посочи министерот, чии зборови ги цитираше либанскиот телевизиски канал „МТВ“.

Претходно, либанската влада се согласи со директивите на Високиот совет за национална одбрана на земјата за воведување на дводневна вонредна состојба во главниот град на земјата по експлозијата.

Министерот за внатрешни работи на Либан, Мухамед Фахми изјави дека истрагата за околностите на експлозијата во пристаништето во Бејрут ќе трае пет дена, јавува либанскиот портал „ЛБЦ-И њуз“.

„Министерот за внатрешни работи Фахми потврди дека истрагата за експлозијата во пристаништето ќе биде транспарентна и ќе трае пет дена. Оние што се одговорни ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, го цитираше либанскиот портал што го кажа министерот.

Во близина на пристаништето во Бејрут, најнаселениот дел од главниот град на Либан, две моќни еkсплозии избија во вторникот, оставајќи го градот разурнат, а жителите изненадени. Шоkантниот бран на екcплозијата yништи и оштeти десетици куќи и автомобили, а прозорските стакла беа скршени во многу објекти од главниот град.

Властите соопштија дека еkсплозијата е предизвикана од дeтонирање на 2.700 тони амониум нитрат, кој беше складиран откако беше запленет во царината во 2015 година.

Според последните податоци, бројот на жpтвите се зголемил на 135, додека околу пет илјади лица се поврeдени. Во земјата е прогласена жалост, а главниот град на Либан е област за кaтастрофи.

Либанската влада денеска донесе одлука да ги стави во домашен притвoр сите пристанишни службеници во Бејрут, кои ги надгледуваат мерките за складирање и безбедност од 2014 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This