Ѓурчевски: До сега некој требаше да понесе одговорност, но ние како држава како да заборавивме што е тоа морална одговорност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот началник во Министерството за внатрешни работи, Љубомир Ѓурчевски во „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека досега некој требаше да понесе одговорност заради тоа што поради системски слабости се дозволило да дојде до ситуација да ни се случи толкава трагедија.

– За морална одговорност мислам дека ние како држава сме заборавиле што е тоа морална одговорност години наназад. Инаку, во најмала рака, во еден ваков случај требаше да си поднесат оставка од морални причини министерот за внатрешни работи, помошникот директор за сообраќајни работи, директорот во Бирото за јавна безбедност, министерот за транспорт и врски, директорот на Царина, помошник министерот во министерството за транспорт и врски надлежен за лиценцирање на патничкиот превоз, додаде Љубомир Ѓурчески додавајќи дека после два дена ние гледаме дека нема ни најава за морална одговорност.

Тој посочи дека истрагата треба да одговори што било пресудно за да се случи автобуската несреќа, особено за причините што предизвикало да има и толку голем број жртви. Додаде дека истражителите треба да посветат внимание околу тоа за кое се наведува дека во автобусот имало туби со бензин и петарди.

– Истражителите треба да посветат најголемо внимание околу точноста на оние индиции кои што укажуваат на присуство на запаливи течности кои што по ниту еден основ не смееле, тоа е горивото во туби, не смееле да се најдат во автобусот и не смееле да се најдат опасни експлозивни материи како што се петардите. Знаете што значи 35 илјади парчиња петарди, тоа е повеќе од 2 – 3 рачни бомби. И можеби затоа имаме таква експлозија. Тоа треба да го потврдат истражителите, ние сеуште само поставуваме верзии кои што треба да бидат елиминирани, затоа што ако ова се докажи како точно, ќе има огромен револт кај семејствата на починатите спрема превозниците, а особено према фирмата која што го организирала превозот, истакна Љубомир Ѓурчески.

Според негово мислење, најголемите недоследните се прават заради ситни профити на поединци кои што се присутни во општеството, додека корупцијата ни ги разгради правните системи.

– Контролните механизми кај нас и коруптивните елементи во вкупниот систем имаат и те како битен допринос во ваквите трагедии кои ни се случуваат како оваа последнава. Корупцијата ни ги разгради правните системи, затоа што ние се доведовме во ситиуација, да превозниците кои што се дрзнуваат да прават вакво кривично дело и да ги доведуваат во опасност патниците, тие се сигурни дека безбедно ќе ја поминат границата за 20, 30, 50 или 100 евра дека ќе ја поминат границата и дека безбедно ќе пренесат 35 илјади петарди, илјада литри гориво доведувајќи ги во опасност и загрозувајќи ги живототе на луѓето. Тоа е најтешкото кривично дело и затоа викаме дека за овие кривични дела истрагата мора да даде одговори, рече Ѓурчевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This