Јакимовски за гостувањето на Шахпаска: Бумбapи само бpмчaт, Уставот го третираат како тоалет хартија, имаш ли министерке правници во министерство?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за Труд, Јагода Шахпаска гостуваше на Телевизија Сител во вестите. Гостин ради гостин, односно колку да се рече дека гостувала.

Дрн, дрн, дрн.

Не упатен човек не може да ја прати што сака да каже. Арно ама пред 15-тина години бев Министер за Труд и многу лесно гледаш дека малку лаже, малку кине зелени.

Што излажа?

Вели дека сега подготвувале нов Закон за работни односи и во него главна новина ќе биде правото на еднакво родителство при породилното отсуство. Тоа значи, таткото и мајката ќе можат да користат породилно отсуство. Ах бе министерке!

Па ти не си го ни прочитала законот за работни односи донесен во 2005-тата година. Таткото и мајката уште тогаш се изедначени во правото на породилното отсуство да го гледаат своето новороденче,

За жал претставниците на оваа влада се како бумбарите, само брмчат а мед нема.

Која ја откина зелена?

Исто така со новиот Закон за работни односи, во пензија ќе сме оделе сите со 64 години, а исклучок ќе биле професорите од високото образование и лекарите. Тие ќе можеле да работат до 67 години.
Абе министерке имаш ли ти правници во министерството? Ако немаш таму, обрати се до Секретаријатот за законодавство на РМ, некогаш тамо имаше многу квалитетни правници.

Дали знаеш дека сите граѓани пред уставот се еднакви?

Не може некој да има повеќе права во однос на другите. Зошто професорот или лекарот би имале повеќе права од еден службеник во администрација, од еден инженер во РЕК Битола или пак од одделенски те наставници во основното образование.

Но за жал, за оваа влада уставот е како тоалет хартија, напикаа партиски службеници во највисоката правосудна институција и затоа се ќе им биде уставно.

Ако специјалниот закон што сега го донесоа во собранието за конзорциумот Енка-Бехтел да може без тендер да добива работа, згора на тоа да има право да проектира, изведува и сама над себе да врши надзор (за оваа антикорупциска најави претставка до уставен суд), и ако сите граѓани ќе работат до 64 години, а професорите и докторите до 67 години, тогаш можеме комотно место тоалет хартија да го користиме уставот, пишува на Фејсбук претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This