March 29, 2024, 11:07 am

Јакимовски: Проблемот со Бугарија ќе биде уште поголем од проблемот со Грција и готово нeпремостлив

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа зборуваше за посетата на премиерот Заев во Атина, на која премиерот доби поддршка за евроинтегративнит процес на земјата.

„Бугарија, сега „не работи“, така да се изразам, а повторно ќе се вратиме, ќе видите после некоја година да „не работи“ повторно Грција. Немаат потреба они сега во моментов да се бават со нас затоа што со нас се бави Бугарија и нашиот пат кон европа го стопира Бугарја.

Тој потсети на изјавите на поранешниот бугарски премиер Борисов кој велеше дека многу посредувал за да се реши спорот помеѓу Македонија и Грција.

„Гледате која иронија, сега наводно не поддржува Грција. Не поддржуваше и Бугарија. Нели со потпишувањето на договорот поверува дека тоа ќе биде нашиот најголем поддржувач на патот кон Европскиот сојуз и гледате дека пратично испадна дека ние најголем душман, дури мислам дека поголем и од Грција. Мислам дека овој проблем ќе биде уште поголем од од Грција и готово непремостлив“, посочи Јакимовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This