Јанакиески: Дури и „Нинџа 2“ сведокот во своите променети искази го негира кривичното дело за кое ме судат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во своите заврши зборови пред судот за настаните пред Општина Центар во 2013 година (односно „шамарите кои никогаш не се случија“), обвинетиот Миле Јанакиески истакнува дека и во стариот и во променетиот обвинителен акт со кој пред неколку дена беше ослободена екс-пратеничката Даниела Рангелова и уште 2 лица, нема никаков основ да биде осуден бидејќи за такво нешто обвинителството не приложило никаков материјален и вербален доказ.

„Ако добро се анализира старото и новото обвинение ќе видите дека истото е адаптирано на исказот на осудениот Томислав Лазаров, па се’ што и се ставаше на товар на претходно обвинетата Даниела Рангелова е директно префрлено кај мене. При ваква околност судот треба да има во предвид дека согласно заклучок на апелационите судови, не може да се заснова пресуда на исказ на лице кое признало вина во тој предмет (како Лазаров). Впрочем дури и во четириесетите години од минатиот век, се барале искази од барем 2 сведоци пред да се осуди некој на казна затвор“, нагласи денес Јанакиески во своите завршни зборови пред судот за случајот за протестите пред општина Центар.

Јанакиески во завршните зборови потенцираше и дека дури и исказот на условно-осудениот Лазаров нема тврдење дека Јанакиески е виновен за она што му се става на товар, туку за негови „претпоставки и перцепција“ кои Обвинителството не ги поткрепи со ниту еден материјален доказ.

„Сум бил прислушуван 24 саати на ден, има повеќе од 80.000 разговори со мене, ако имав било каква вина обвинителството сигурно ќе приложеше барем еден единствен доказ“, посочи Јанакиески.

Томислав Лазаров призна вина пред неколку години за настаните пред Општина Центар според тогашниот обвинителен акт според кој тој и Даниела Рангелова координирале со агресијата на протестирачите, согласно насоки давани од Јанакиески.

Според новиот обвинителен акт, заклучок на Обвинителството е дека Рангелова тоа не го сторила, а Лазаров негираше на суд дека добивал такви насоки од Јанакиески, но според логиката и аршинот на Обвинителството, она што важеше за Рангелова, не важи за Јанакиески, па за неа беше побарана слобода, а за Јанакиески маскимална казна.

Да не беше трагично, ќе беше смешно – се коментарите на правниците кои го познаваат случајот и генерално судската пракса во земјата во последните години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This