April 25, 2024, 11:35 am

ЈАНУШЕВ: Мора да се запазат роковите кои им се потребни на ДИК за организирање на избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев смета дека треба да се запазат роковите кои што му се потребни да ДИК за организирање на избори, а особено да се запазат роковите за прочистување на избирачкиот список, зато што не смее да им ускрати правото на глас на граѓаните, обено на тие што во меѓувреме наполните 18 години.

Јанушев, во емисијата “Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија посочи дека роковите кои што на ДИК им се потребни за организирање на кредибилни избори се од минимум 35 дена до 50-тина дена.

– Мора да им се даде на граѓаните, особено на оние кои што наполните 18 години, имаме и дел од граѓани кои што можеби смениле адреса, имаме и починати лица во овие неколку месеци кои што треба да бидат избришани од избирачкиот список. Не може повторно да не се исчисти избирачкиот список, а за да се прочисти, согласно изборниот законик пропишани се рокови во кои што ситото се прави. И сите овие денови кумулативно земени, не можат да бидат помалку од 35 дена а оптимални би биле околу 50-тина дена. И овие рокови треба да се запазат, затоа што секој има право на жалба за кои треба да се изјаснат институциите, рече Јанушев.

Тој рече дека не би лицитирал со можните датуми за одржување на изборите но потврди дека постои комуникација за изнаоѓање на разумно решение, при што повика Заев и СДСМ да се вразумат во однос на нивните неразумни барања и тврдења.

– Ние, вчера потврдивме дека има еден канал на комуникација помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во обид да се доближат ставовите, јас до последно ќе се надевам, дека Заев и СДСМ ќе се вразумат за овие тотално неразумни тврдења и барања кои што ги имаат, кажа Јанушев.

Тој додаде дека има дејствија кои што уредбата за стопирање на изборниот процес се јасно прецизирани но има одредени други прашања кои што останаа да останаа да висат.

– Имаме повеќе ситуации, кои што со ваквиот начин на донесувањето на уредбата за стопирање на изборниот процес, останаа да висат, иако се јасно и прецизно пропишани со законот и за дел од тие работи, мора дејствието да почне од почеток. Еден од тие примери е избирачкиот список. Избирачкиот список се започна со јавниот увид, димензиониран на начин декa изборите ќе се одржат на 12 април. Кога се донесе оваа уредба, целата постапка за прочистување на избирачкиот список, кој ќе се користи не беше завршена. Од тој период, февруар-парт месец до сега се поминати неколку месеци, заклучи Игор Јанушев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This