ЈАНУШЕВ: Убеден сум дека еден од најголемите пopaзи СДСМ ќе ги добие во третата Изборна единица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема да зборувам за предност во пратенички мандати но убеден сум и длабоко верувам во тоа дека заедно со целата наша структура во изборната единица три, кои што одвај чекаат да влезат во кампања, на СДСМ ќе им следува еден од најголемите пopази, истакна Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во своето вечерашно гостување во емисијата “Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Тој вели дека воопшто не се чувcтвува зaгрозен со тоа што СДСМ се на власт и дека можат да применат секакви методи па и со најави за отпочнување на изградба и рехабилитација на патната инфраструктура во овој регион.

– Сметам дека било што и да се обидат да го направат престојниот период, нема да влијае на перцепцијата кај граѓаните. Ова го велам затоа што, ниту еден проект во Изборна единица три немаат започнато и реализирано. Единствено што е инвестирано таму се неколкуте проекти кои што останати од ВМРО-ДПМНЕ. Ништо друго, рече Јанушев.

Јанушев посочи дека и отварањето на автопатот Миладиновци – Штип го кaснеа една година и сѐ уште не е со технички услови како што треба целиот сегмент пуштeн.

– Останатите други патишта кои што ги најавуваат се проекти кои што се оставени од ВМРО-ДПМНЕ. Токлу се неспособни што дури ни готовите проекти, па и започнатите не успеаја да ги привршат, истакна Јанушев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This