April 19, 2024, 10:57 pm

ЈАРЕЦОТ, ДЕВИЦАТА, ВОДОЛИЈАТА НЕ ГО ПОДНЕСУВААТ ВАЛЕНТАЈН: Со нив тешко ќе го прославите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една од главните теми во февруари дефинитивно е Денот на вљубените. И додека едни едвај го чекаат, други на самото споменување на овој ден „им се крева косата на глава“.

Се прашувате зошто е тоа така? Астролозите тврдат дека големо влијание на тоа има хороскопот и дека луѓето родени во овие четири знаци едноставно не го поднесуваат Валентајн.

Јарец
Тврдоглавите Јарци воглавно не сакаат кога ќе им се каже дека треба нешто да направат и во такви ситуации обично се инаетат. Бидејќи се многу скржави, не се согласуваат со идејата на Денот на вљубените да ја искажат својата љубов преку скап подарок. Затоа, ако сте во љубовна врска со некој кој е роден во овој знак, не го потсетувајте дека се наближува овој празник, бидејќи сигурно нема да ви купи ништо, но и без тоа не треба да очекувате никаков подарок.

Водолија
Водолиите се родени сонувачи, поради што веројатно би помислиле дека сакаат празници како што е Валентајн. Но, тие често се целосно емотивно исклучени од светот околу себе за Денот на вљубените и воопшто ништо не им паѓа напамет. А во случај да одлучите да ги потсетите дека се наближува овој ден, веројатно ќе им создадете притисок и ќе ги доведете во непријатна ситуација, па дури и ќе предизвикате расправија.
Девица
евиците се реалистични и со двете нозе стојат цврсто на земјата, па воопшто не ја разбираат идејата на Денот на вљубените и не го сметаат за важен ден. Доколку им предложите размена на подароци за Валентајн, веројатно од нив ќе добиете кисела насмевка и ќе си ја намалите вредноста во нивните очи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This