(Видео) Јаулески до Адеми: Заборавивте да кажете дека власта скрати 21 милиони евра од ставките за образование

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, на денешната собраниска седница му се обрати на министерот за образование и наука, Арбр Адеми, во врска биџетот во образовниот систем.

Јаулески нагласи дека со ребалансот на буџетот, се кратат 21 милион евра од образованието, во услови кога очајно е потребна финансиска поддршка во образовниот систем.

Почитуван колега Адеми, ги споменавте само ставките каде што има благо покачување, се осврнавте на тоа дека со релокацијата на овие средства се поддржуваат студентите и учениците и каде се зголемува Буџетот во образовниот систем, па еве јас да Ве надополнам: Со Ребалансот, власта скрати 21 милиони евра од ставките за образование. Само од парите наменети за образовниот систем на основците, се кратат 5 милиони евра. 2, 2милиони евра во средното образование. Скратени се и парите наменети за реконструкција на студентските домови. Тука нема да зборувам за ветениот студентски град уште во 2016 година за кој не е ниту лопата фрлена, туку ќе продолжам понатаму. Hа нoж оди и изградбата на објектите на ФИНКИ и ФФК. Овде се оди до таму, да скратени се и претходно планираните средства за оваа намена. И не само овие два факултети кои се вечни потстанари, минусирани се цели 11, 6 милиони евра наменети за функционалното образование на академскиот граѓанин, изјави Јаулески.

Со ваквиот Ребаланс и ваквото неодговорно и дeизонрентирано владеење, власта продолжува да го дотепува системот што треба да ја гради Република Македонија. Јаулески даде и конкретни предлози за подобрување на состојбата во образованието, како и помош на учениците и студентите кои се соочија со бројни проблеми предизвикани од пандемијата и рестриктивните мерки наменети за справување со истата.

Почитувани, треба да си подадеме рака и да работиме на мерки кои реално ќе го подобрат животот на студентите, но и на учениците, па во таа насока, јас би ви предложил 3 мерки:

40. 000 ученици не можат да си дозволат да ја следат онлајн наставата, затоа ви предлагаме привремено да им се дадат на користење компјутерите од училиштата на децата си низок доход и државата да субвенционира интернет пристап, а се со цел да можат непречено да ја следат наставата.
За студентите, оние кои доаѓаат од семејства со ниски примања, да им обезбедиме ваучер од 12. 000 денари за купување на електронски уреди, исто така за да ја следат наставата.

За основците, оние кои посетуваат физичка настава, да им обезбедиме топол оброк до крајот на учебната година.

Еве конкретни предлози кои што се надевам дека ќе ги земете во предвид за Буџетот за 2021 година и реално да помогнеме во образовниот процес во ова време на пандемија.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This