Јаулески: Заев ги ykина cyдовите во моментот кога стана претседател за реформи во правосудството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ дојде на власт врз основа на ветувањето дека ќе се бори против корупција, дека ќе го реформира правосудството… Мене ми стана јасно уште од првиот ден кога Зоран Заев стана претседател за реформи во правосудството, дека во оваа држава обвинителството и судовите се укинати и дека се суди по принципот на трас-трас и политички нарачани пресуди.

Ова во интервју за КУРИР го истакнува Јован Јаулески, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

-Впрочем, тоа не треба да го кажам јас, тоа го кажува и „Транспаренси“, затоа сме на 111-то место на ранг листата за корупција и тоа го докажуваат многубројни случаи кои уште не се решени. Да потсетам, за пресудата на Курто Дудуш, политички исконтролиран случај, да потсетам на случајот со Боро Малборо кој доби само 3 месеци условно затоа што е близок соработник на Зоран Заев, а потоа неговиот син како награда доби лиценца за одгледување на марихуана. Уште немаме случај за Драги Рашковски, нема отворено случај за Ден Дончев иако цела македонска јавност виде дека става купче со пари. Видовме како се исконтролира случајот „Рекет“, видовме многубројни корупциски скандали за кои нема завршница или истата е исконтролирана, истакна тој.

Посочи дека е потребно оваа власт да падне за во Македонија да има реална борба против корупцијата.

-Во ВМРО-ДПМНЕ постојат млади политичари, политичари кои не носат товар од минатото и политичари кои се спремни на чело со претседателот Христијан Мицкоски да ја изведат државата на прав пат, истакна тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This