ЈАУЛЕСКИ ПОРАЧА: Да избереме по кој пат сакаме да ни се движи земјата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште неполни два дена до недела, денот кога ќе може сами да одлучиме во кој правец сакаме да ни се движи земјата.

Сакаме да пролжиме кон апатија или сакаме квалитетна иднина? На нас е да одлучиме! Од мојата посета на градовите и селата низ државата знам дека ќе одбереме квалитетна иднина, напиша на Фејсбук престедателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.

-На младите им е преку глава од лaжни ветувања и празни флоскули. Младите се категорија на граѓани која најмногу е излaжaнa од оваа власт. Заев и Пендаровски ветуваа се и сешто, од студентски град, преку младинска гаранција па се до таму дека ќе ги вратат младите кои како што велеа се иселиле во последните десет години. Две години се на власт, а не само што ништо од тоа не е ни на повидок, туку напротив, студентските домови се во полоша состојба од кога било, младинската невработеност е над 50%, иселувањето се зaбрзува. Наше е да избереме, дали ќе го поддржиме истиот трул концепт на Заев и Пендаровски кој не влече надолу или сакаме квалитетна иднина, вели Јаулески и додава:

„Македонија не повикува. Доста беше од распродажбата на државните и национални интереси. Време е за враќање на гордоста и достоинството на секој еден Македонец. Во историски мигови се носат историски одлуки. Јас знам дека нашата генерација знае да одбере правилно, бидејќи за секој еден од нас се работи. Се работи за иднината на секој млад човек. Во недела да излеземе и да ја поддржиме Гордана Силјановска Давкова. За право и правда! Татковината повикува!“.

Уште неполни два дена до недела, денот кога ќе може сами да одлучиме во кој правец сакаме да ни се движи земјата. Сакаме…

Posted by Јован Јаулески on Friday, April 19, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This