ЈА ОТКРИ ТАЈНАТА ОД МЛАДОСТА: Марија Шерифовиќ призна што правела зад сцената пред да настапи на Евровизија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Марија Шерифовиќ ја донесе Европа во Белград, кога со песната „Молитва“ победи на Евровизија во 2007 година. После 12 години, пејачката се присетила на се, па без проблем, открила што правела пред настапот.

-Тешко е да се сетам како се чувствував, одамна беше. Имав само 22 години. Не може човек да биде свесен за тоа во тој момент. Знам само дека беше невидена гужва и дека некои 30 луѓе легнаа на мене, ме прегрнуваа, ме тегнеа, паѓаа во несвест. Она што е најважно од се е тоа што мојот народ се почувствува горд и дека храбро се „маваше во гради“ – рекла Марија, па признала дека воопшто не била така самоуверена како што делувало на тв екраните.

Таа кажала дека чувствувала дека душата ќе ја испушти на скалите, но признала дека не е тип кој многу сака да губи.

Марија кажала и детали од позади сцената и изнела тајна стара 12 години.

-Толку бевме опуштени пред настапот што дури и испивме по една чаша вино – рекла Марија, која открила дека во финалето ѝ било сеедно како ќе биде, затоа што тогаш е се во Божји раце. Била свесна дека немала да отпее многу полошо од полуфиналето, па била опуштена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This