Ја почастија: Добрила Кацарска предложена за уставен судија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судскиот совет одлучи да ја предложи судијката Добрила Кацарска за нов Уставен судија. Сите 12 членови го поддржа предлогот.

Предлогот ќе биде препратен до Собрание каде пратениците треба да ја изберат на функцијата.

Претседателот на Судскиот совет Киро Здравев посочи дека немало политичко пазарање околу Кацараска и дека е предлог единствено како професионалец и добар судија. Здравев е уверен дека Собранието ќе ја избере Кацарска за уставен судија иако нема поддршка од ВМРО ДПМНЕ.

Во изјава за телевизија Алфа судијката претходно дека би прифатила да биде нов уставен судија, на местото на Владимир Стојановски, чиј мандат истече.

Кацарска има долг судиски стаж, над 30 години, моментално е судијка во одделот за организиран криминал и корупција, а била и претседателка на Кривичниот суд во Скопје.

Таа ги водеше предметот ТЕНК во кој на затворски казни ги осуди поранешниот премиер, екс министерката за внатрешни и помошник министерот во МВР.

Таа ја напиша и пресудата за насилствата во собранието од 27 април, а го водеше и предметот ТРИСТА.

Затворски казни изрече и во процесот Транспортер каде обвинет беше поранешниот битолски градоначалник Талески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This