April 26, 2024, 11:43 am

ЈА ТЕСТИРАЛЕ ВАКЦИНАТА НА СЕБЕ: Руски научници први ја примиле вакцината на којашто работеле

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руските истражувачи кои работат на вакцина против новиот коронавирус, развија имунитет на инфeкцијата откако ја проверија на себеси.

Научниците од Истражувачкиот центар за eпидемиологија и микробиологија „Гамалеј” не работеа толку многу на тестирањето, колку што работеја на заштита за да можат да продолжат да работат, изјави директорот на тој центар, Александар Гинцбург, пренесе „Москва тајмс”. Сите се живи, здрави и среќни, рече Гинцбург на прашањето дали тие имаат несакани ефекти. Сите што беа вклучени во развојот се заштитени, појасни тој.

Гинцбург не кажа колку луѓе ја примиле вакцината, која користи ослабен вирус за да испорача мали делови од патогенот и да поттикне имунолошкиот одговор. Тој изјави дека вакцината ја примиле широк спектар од оние кои работеле на вакцината, предклинички истражувачи и технолози.

Истражувачкиот центар ги чека резултатите од тестовите направени на мајмуни со цел да побара дозвола од Министерството за здравство да почне клинички испитувања врз луѓе, посочи Гинцбург.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This