April 25, 2024, 11:22 am

Ја paзрешуваат жената која го спacи Кочани – Граѓаните сега повикуваат на мacовни пpoтecти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ана Петровска, член на Извршниот одбор на ДОМ пред две години беше именувана за државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање. Таа е инжинер архитект со долгогодишно искуство во животната средина и просторното планирање, а имаше голем број успеси со кои може да се пофали меѓу кои и спасот на градот Кочани од масовното загадување во градот.

Речиси сигурно е дека попладнево Петровска ќе биде разрешена од позицијата, а граѓаните на Кочани на социјалните мрежи најавуваат дека ќе организираат протести во знак на нејзиното разрешување.

-ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ОРГАНИЗИРАМЕ И ИЗЛЕЗЕМЕ НА ПРОТЕСТ.

СТОП ЗА ПРОМЕНА ОД ФУНКЦИЈАТА НА АНА ПЕТРОВСКА

Почитувани сограѓании!!!!

Некој помалку , некој повеке има слушнато за директорката на државен инспекторијат Ана Петровска.

Госпоѓата Ана Петровска е од големо знацење за нашиот град. Многу информации ги немам споделено поради чуствителноста на ситуацијата во даден момент.

Госпоѓата Ана Петровска во дадени моменти кога беше најпотребно лично без најава доваѓаше секој ден и навечер во Коцани и вон нејзиното работно време само да направи увид и го спречи загадувањето на град Кочани.

Таа сама беше иницијатор на земање мустри за испитување од вода и поќва во Коцани .

Госпогјата Ана Петровска самоиницијативно стално ме контактираше мене и други сограѓани на Кочани за да има преглед на ситуацијата како би можела да реагира.

Благодарение на госпоѓата Ана Петровска Кочанчани дисат почист воздух. Таа е единствената лицност која им се спротистави на Пејпер мил. Верувајте без нејзина реакција немаше да има никаков филтер, никакви подобрувања во квалитетот на воздухот во Кочани.

Таа е иницијатор и на многу законски промени во во законодавниот деловник во поглед на екологијата.

Затоа таа е трн во око на олигарсите и непочитувачите на законот и сакаат да ја сменат за да продолжат со загадување и труење на народот.

Затоа ние сега Коцанчани ако си го сакаме градот и самите себе , треба да и се одолжиме и ја подржиме за да не биде сменета од нејзината позиција за да продолжат реформите за почист воздух и чиста жзивотна средина.

ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ОРГАНИЗИРАМЕ И ИЗЛЕЗЕМЕ НА ПРОТЕСТ.

СТОП ЗА ПРОМЕНА ОД ФУНКЦИЈАТА НА АНА ПЕТРОВСКА, пишува на Фејсбук граѓанин на Кочани Орце Николов во групата за здрав живот во Кочани.

Објавата можете да ја погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This