ЈУЖНИОТ СОСЕД ГИ ВМЕШУВА ПРСТИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА: Грција со поддршка на трансформацијата на вооружените сили на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Проблемот го претворивте во можност, рече германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лајен по средбата со нејзиниот грчки колега Евангелос Апостолакис.

Договорот од Преспа се најде на агендата разговори на двајцата министри на нивната средба во Атина, а во кусите изјави за медиумите Апостолакис и Фон дер Лајен ја истакнаа важноста на решението меѓу Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

– Овој договор е вистински европски договор, базиран на вредностите што ги има Европа бидејќи можевте проблемот да го претворите во можност. – рече министерката за одбрана на Германија.

Истакна дека Грција секогаш била поддржувач на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во евро- атлантските организации.

– Во овие рамки Договорот од Преспа е пример за решавање на долгогодишен спор во регионот, со мирни средства. Согласно предвиденото од Договорот од Преспа, Грција ќе ја поддржи трансформацијата на вооружените сили на Македонија за време на процесот на интеграција на земјата во НАТО. – рече министерот за одбрана на Грција.
Урсула фон дер Лајен и Евангелос Апостолакис на нивната средба во грчкото Министерство за одбрана ги истакнаа тесните безбедносни односи меѓу двете земји и разговараа за зајакнување на билатералната одбранбена соработка.

Министерката за одбрана на Германија, по средбата со нејзиниот грчки колега, заедно со лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, учествуваше на настан организиран од Секретаријатот за меѓународни односи на Нова демократија и Институтот за демократија Константинос Караманлис, под наслов „Европската народна партија: ја гарантираме безбедност на ЕУ – ја градиме нашата заедничка иднина“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This