Љубовната идила на Игор Џамбазов и Илина Арсова

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Таа му ја пее “Хотел Македонија“, а тој среќно и возвраќа со рефренот од својот хит “Каква е оваа ситуација“!

На крајот од тунелот секогаш има светло.Така вели народната поговорка, но тоа е жива вистина доколку се задлабочите во љубовната приказна на популарниот шоумен Игор Џамбазов и познатата алпинистка Илина кои од како се сретнале ја живеат својата втора младост. Приказната им е токму таква, весела, среќна, набиена со многу емоции. Не е од оние холувудските, бидејќи тие се срцепарателни.

Тоа ни под разно, зашто кај Игор и Илина нема ни трошка место за (холивудско) плачење. Кај нив не е “време за плачење“ и ако Македонија во овие тешки денови на епидемијата е скршена од болка. Но овие нашите јунаци ни донесоа барем зрно радост во секојдневното сивило и ако не би требало да е зрно, туку радоста да е голема како планина.

Со голема причина! Љубовта е таа која секогаш победува. За се треба време и трпение, па и за тоа. Наместо да се во град во ова наше Скопје во кое врие од асфалт и бетон, со малку зеленило, тие се во природата, си знаат да уживаат во вистинска смисла. Илина и Игор одбраа да живеат во руралното Сретеново покрај мирни води Дојрански.

И нема зошто да зажалат што не се во Скопје, во метропола која допрва ќе бара спас од летните горештини.А, спасот од целата виулица на секојдневните обврски и големи и мали проблеми вљубените Игор и Илина го најдоа токму таму, да се будат со песната на галебите, со мирисот на леандрите и лавандите, смоквите и портокалите…..каде што се во безграничен допир со Езерските пејзажи.

Поетично кажано, нивната љубов широко дише низ сината Езерска шир. Треба само да се случи, а нив им се случи. Годините никогаш не се важни, тие се само некоја несфатлива бројка во документите на секој од нас…..

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This