ЌЕ ГО УКИНЕ ЛИ СУДОТ ПРИТВОРОТ: Апелација има можност да докаже дека не е привезок на Заев и хунтата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната јавна седница на Апелациониот суд, на која судот одлучуваше по жалбите на обвинетите за притворите во апсурдната кривична постапка за тероризам во која се обвинети десетици македонски граѓани кои мирно протестираа против донесувањето на законот за двојазичноста.

Јавноста можеше да види колку впрочем е наергументиран случајот и самите притвори, обвинетите предложија доволно аргументи за укинување на мерките притвор.

Дали судот ќе постапи во рамките на законот и ќе ги укине притворите или ќе продолжи да биде соучесник во конструираните постапки останува да видиме во текот на денот.

На денешнтото рочиште, еден од адвокатите на Дурловски, истакна дека со укинувањето на притворот ќе се постигне правичност. Тој истакна дека со притворот не само што му се ограничува слободата туку се влијае и на неговиот интегритет и на неговото семејство.

Адвокатот Еленко Миланов рече дека станува збор за решенија по урнек во кои нема посебни околности зошто на Дурловски да му биде продолжен притворот.

– Во ниту еден од овие наводни докази кои што ОЈО се уште не ги прибавило, Дурловски не може да има влијание. Степенот на кривична одговорност според европскиот суд не може да биде основ за притвор, рече Миланов пред Судот.

Тој додаде дека во случајов и куќниот притвор би бил престрог. Имено двајцата адвокати посочија дека Дурловски е уметник и дека тој заедно со неговата сопруга ја претставува земјава во светот.

На рочиштето пред судот, поранешниот министер во МВР, Митко Чавков, кој е исто така еден од осомничените истакна дека со докази ќе докаже дека раководел со акцијата за смирување на состојбата во Собранието и дека со тоа дал клучен придонес.

-Од материјалните докази ќе се види дека со раководењето на акцијата во едни специфични околности дадов клучен допринос за спасување на животите на пратениците и нивна дислокација на безбедно. Апсолутно не се чувствувам виновен и тоа ми дава сила и покрај мојата здравствена состојба да истраам и во една легална процедура даја докажам мојата невиност, рече Чавков.

Мунир Пепиќ, полициски службеник, за чиј притвор исто така денес одлучуваше Апелација, на судското рочиште рече дека во Собранието се наоѓал по службена должност и дека не ни бил дел од масата, туку следел определено лице. Тој додал дека кога веќе се нашол внатре помагал при евакуирање на пратениците, конкретно учествувал во евакуацијата на Радмила Шекеринска.

Се чека Апелациониот суд да ги соопшти одлуките од јавното рочиште. Дали судот ќе се сврти кон законот или и понатаму ќе оди по линија на помал отпор кон притисокот останува да видиме. Во интерес на демократијата во државата и нејзините Евроатлански цели е судот да смогне сили и да почне да ги практикува законот, Уставот и меѓународните договори ратификувани согласно Уставот, а кои го штитат човекот и ги гарантираат неговите права.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This