Ќе доцни исплатата на повратот од „Викенд без ДДВ“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повратот на данокот од сметките направени во таканаречениот „Викенд без ДДВ“ најверојатно ќе доцни. Иако парите од данокот за купените производи од 10 до 12 октомври требаше да се исплатат до крајот на октомври, мерката го чека ребалансот на буџетот кој е во собраниска процедура и за кој максимум треба да се расправа 5 дена.

Од Министертвото за финансии за „Сител“ велат штом биде изгласано прекројувањето на државната каса ќе почне и реализацијата на мерките од четвртиот пакет, меѓу кои е и мерката „Викенд без ДДВ“.

Иако за време на продлжениот викенд се очекуваше граѓаните да потрошат околу 170 милиони евра, беа потрошени едвај 10 милиони евра. Кај потрошувачите пак од поврат наместо првично предвидените 17 милиони ќе завршат 1 милион евра.

Целиот данок ќе им биде вратен на сите оние кои за време на викендот на ДДВ купиле домашни производи и ИТ опрема до 30 илјади денари и притоа ги скенирале фискалните сметки.

Засега не е предидено да има уште еден ваков викенд.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This