April 19, 2024, 12:36 am

Ќе има ли пpaвда? – Денес во Kpивичен пpecyди за 27-ми април

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска во Кривичниот суд ќе бидат изречени пресуди за случајот на т.н организатори на настаните од „27 април“.По речиси две години рочишта, одбраната на обвинетите Миле Јанакиески, Трајко Вељаноски и Спир Ристевски ги сруши сите наводи на обвинението и на обвинителството.

Поради тоа, обвинителката Вилма Русковска во последен момент го смени обвинението и сакаше да ги направи организатори и на протестите пред Собранието што реално никако не можат да бидат бидејќи протестите си имаа уредно пријавени организатори.

Одбраната го порази обвинителството токму со аргументи, контра-аргументи, докази и контра-докази, како вербални, така и материјални.

Затоа, судот има златна можност токму на ова судење за „27 април“ конечно да се ослободи од стегите и на обвинителството и на политиката, и конечно да манифестира самостојност и независност во одлучувањето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This