Ќе има свадба-Ване Цветанов ја запроси Дунавка Трифуновска во Турција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во сивилото предизвикано од здравствената криза единствена светла точка беше љубовта која минатиот месец од одмор во Турција ја обелоденија манекенката Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов, екс директорот на Агенцијата за спречување перење пари. Уште не помина озборувањето, по 20тина дена оваа вљубена двојка за mms.mk екслузивно откри уште еден убав момент, дека се вериле и тоа на доволно лудо место, какви што се и тие двајцата – во авион на 10.000 метри, на пат кон Турција, а веќе се прават и подготовки за свадба.

Но, да почнеме хронолошки. Од почеток. Кога оваа двојка се вљуби толку многу и реши за кусо време да дојде до брак. Секако, дамите имаат предност.

„Со Ване се познаваме две години ама онака, од видување, излегувавме на исти места. Тој не е мој профил на дечко, сум го гледала со други очи, на поинаков начин. По две години на слава на „Св. Никола“ братучед ми правеше голема журка и Ване дојде со друштво. И толку беше. Некаде после „8 Март“ му се јавив ама си прававме обичен муабет. После тој ми честиташе Велигден. Од тие неколку разговори сфативме колку за многу работи исто размислуваме, дека важни ни се исти вредности, почитување, дом, во поглед на животот, ист стил на живот“, вели Дунавка.

По ова следуваат плановите за свадбата, која нема да биде вообичаена, туку во фази. Постојат два датуми за славење на љубовта, со малку гости и нивните омилени пејачи. На едниот датум ќе се слави љубовта во Охрид а на другиот во Турција. Но, за тоа кога ќе дојде време, кога сите планови ќе бидат организирани, бидејки засега само фустанот е одбран.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This