ЌЕ МУ СЕ СУДИ НА „ДУХОТ НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ“: Пандов за новото обвинение за „27 април“ и „шамарите во Центар“ против Груевски, Вељановски, Јанакиески…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека во Македонија народот во грч и со нетрпрние го очекува продолжувањето на судењето за Рекет, во кое Боки детално ќе и појасни на македонската јавност која била улогата на Вице, Фрчко, Башке, Филипче, Радмила и Сашо О. во организацијата на рекетот и изнудување на над 7.000.000 милиони евра од македонските бизнисмени, Заев преку своите слуги во судството и понатаму надвор од законот се обидува да направи што поголема штета. Изборите ене ги каде се, рејтингот на СДС е во слободен пад, па како очајници и губитници играат на картата ,,Сите сме исти“ или попозната во јавноста како ,,Курто и Мурто“. За тоа повеќе од потребни им се пресуди против вмровци!

 

 

 

 

Веќе пишував пред некое време за 40.000.000 причини зошто судијата во ТНТ, Огнен Ставрев, од петни жили се труди да ни докаже и практично покаже нам, а и на меѓународната заедница како изгледа држава со заробено и корумпирано судство. Сите знаеме дека на Фијат Цановски му течело низ ногавици, но и дека неговиот објект Космос е противправно изграден, а со самото тоа и сосема легално урнат. Милионската оштета од државата која ја побарува Фијат единствено може да ја фактурира со судска пресуда против обвинетите во ТНТ. Меѓутоа актуелниот Закон за судови во Македонија вели дека покрај судијата има и судии поротници за кои законот дозволува со оваа работа да се занимаваат до 60 гоишна старост, а мандатот им е со важност од 4 години. Една од тие судијки поротнички има 62 години, а на 24 декември минатата година и истече и 4 годишниот мандат, што ќе рече веќе нема право да носи одлуки. Така ќе рече во нормална земја, но кај нас во случајов Заев активира уште еден негов слуга, Иван Џолев (кого од судија за прекршоци го направи претседател на Кривичниот суд), кој кординиран од СДС договара со Судскиот совет седницата за нејзино разрешување да ја одржат дури на 27 Јануари, а во меѓувреме Огнен Ставрев закажал десет рочишта до тогаш, како би можеле со оваа нелегална судијка поротничка, донесат пресуда против обвинетите во ТНТ, а во корист на Фијат Цановски. Женава свесна за играта во која ја ставаат самата си поднесува оставка, но 15-тина минути подоцна, Џолев ја повикува во канцеларија, по што поротничкава ја повлекла оставката од архива, а Џолев и наметнува 24 часовно ,,обезбедување“. Знам, знам дека ова ќе падне на било кој повисок суд, но во предизборие таквата пресуда ќе значи купен ден за заевта пропаганда, како Никола Груевски, Миле Јанакиевски и остантаите добиле по х години затворски казни.

 

 

 

 

Можеби уште поголем доказ дека во Македонија нема правда и правдина и дека судството е сосема прилагодено на потребите на политиките на Заев е случајот на СЈО за шамарањето на Жерновски или познат како ,,Протести во Центар“. Тој е истиот оној Жерновски, кој лигавејќи му се на Заев пред некој ден на ФБ, го надмина и оној легендарен ,,blow job” кога Чичолина му го зема на Роко Сифреди. За шамарањето самиот тој повеќе пати има јавно изјавувано дека не бил шамаран, а единствената штета од искршените неколку прозори е проценета на 24.000 денари или 400 евра. Арно ама како и во претходниот случај, случај нема, но првообвинети се Никола и Миле и тоа е повторно доволно голема причина да се покренат Заев и Жерновски, заедно со нивниот измеќар Џолев, преку медиумите да прават огромен притисок врз судијата Јосифовски што побрзо, а секако пред изборите да има каква таква осудителна пресуда за овие двајца. Во тоа име судијва прави ,,чуда“, па нас утре да не не чуди ако и оваа пресуда, како онаа на Кацарска за 27 Април, се изучува и посочува во светот како пример за прекршување на правдата. Одкако неодамна мораше да го почне од почеток судењето, соочен со канонадата закани од погоре наведените политичари, претседателот на судот Џолев и од рој медиуми контролирани од власта на СДСМ, судијата Јосифовски спротивно на закон го започна од почеток судењето и сите претходно одржани 17 рочишта со кршење на многу процедури ги заврши во едно рочиште. На изненадување на сите, судијата кој очигледно подлегнал на притисоците и очигледно нема интегритет, ги шокираше сите обвинети во салата и нивни адвокати што од сите 20 тина сведоци за кои претходно беше прифатил дека се релевантни сведоци, на одбраната им прифатил само три, а сите други ги отфрлил, меѓу кои и оној од кого најмногу се очекуваше што ќе каже, имајќи во обзир дека тој повика на протести пред општината, а тоа е Владиката Агатанѓел. Затоа пак судијава имал време да ги слуша сведочењата на советниците од СДС, кои немајќи никакви докази против Груевски, трескале глупости дека точно е дека тој не бил присутен на протестот, но тие го чуствувале неговиот дух во општината, духот на Никола Груевски! Покрај овој ,,доказ“, како и во други случаи на СЈО против ВМРО или нејзини функционери и овде дежурен комуњарски сведок е Томислав Лазаров – Томи, поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ во општината Центар, сегашен отпадник од партијата и близок до Јани Макрадули, како и Јордан Ристовски. Да повториме, овде немало ни шамари ни бутур, но пораката која повторно сакаат Заев и неговите пајташи да ја испратат во јавноста дека ова е уште една голема победа на реформираното ко пупка отворено судство со тоа што го осудиле Груевски и Јакимовски. И сето ова во време кога апелацискиот суд ги ослободи сите до еден учесници во шарената револуција, вклучувајќи ги и оние кои ја запалија канцеларијата на претседателот и доведоа во опасност животи на околу 100 луѓе во станбениот блок над канцеларијата. Каков контраст!!! Каква неправда!!!

 

 

 

Подоцна на повисок суд и оваа пресуда ќе падне исто ко Заев што падна на 3-ти, но неговата пропагандата ќе има муниција за уште еден ден предизборно да труби и пишува како СДС и ВМРО се исти.

Тоа што пак јас сакам да им посочам на актерите во овие случаи е следното. Уште само три месеци не делат од промена на хунтава. Темелно и од корен ќе биде истресен секој еден што учествувал во овие политички монтирани процеси. Праксата не учи дека тие што во последните денови пред падот најмногу биле експонирани истите подоцна најмногу и го јадат! Берете памет во глава, на крајот да не треба на најлошиот начин да разберете дека ви биле бадиела парите и кариерите кои сега ви ги ветува Заев, кога на крајот ќе треба истите да ги давате по адвокати додека ви се тресат коските по дома чекајќи кога ќе дојдат со марица да ве соберат.

 

Додека во Македонија народот во грч и со нетрпрние го очекува продолжувањето на судењето за Рекет, во кое Боки детално…

Posted by Александар Пандов on Thursday, January 9, 2020

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This