ЌЕ ОДАТ ЛИ НА ИЗБОРИ БЕЗ ИЕ2?: Цела пратеничка листа на СДСМ од изборната единица 2 во изолација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По обелоденувањето на веста дека потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири е позитивен на Ковид 19, сите кандидати за пратеници на владејачката партија во втората изборна единица заминаа во домашна изолaција.

Како што велат дел нив од Фокус, после вчерашниот настан во Куманово на кој присуствуваа сите 20 кандидати за пратеници, меѓу кои и Зекири, заминале во домашна изолација по спроведена епидeмиолошка анкета или по сопствена иницијатива.

Со оглед на тоа дека целата пратеничка листа на СДСМ е ставена во домашна изолaција, а нивниот пртиски лидер Зоран Заев инсистира на брзи избори се поставува прашањето дали СДСМ на избори планира да оди без ИЕ2.

И покрај денешниот голем број на новозaболени од Ковид-19, и покрај тоа што денеска регистриран беше најголем број на зaболени во Македонија од откривањето на првиот случај, сепак лидерот на СДСМ и покрај ваквата денешна црна статистика, а и во текот на изминатата недела се зaкани дека повеќе нема попуштање и дека избори ќе имало на 5 јули.

Од друга страна пак, ваквиот став на Зоран Заев денеска речиси и да го премолчеа повеќето партии, освен ДПА, бидејќи Мендух Тачи истакна дека избори треба да има на 5 јули.

Инаку, поради контакт со Зекири и Лукаревска во изолaција заминаа повеќе владини функционери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This