Ќе понесе ли одговорност Ден Дончев за смртта на малата Ева?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, на прес-конференција на која ја образложи процедурата за лекување во странство за случајот со Ева Крстановска рече дека стапиле во контакт со германската болница, но оттаму не добиле никаква понуда за лекување и со оглед на тоа од стручната служба на ФЗОМ не можеле да ја одберат таа болница.

Како што рече Дончев, до ФЗО пристигнале вкупно три понуди за лекување, две од Турција и една од Италија, откако барателот, односно семејството на Ева, на 25 јуни доставило барање до Фондот.

-ФЗО е законски обврзан да донесе одлука во рок од 48 часа за болницата каде што ќе се лекува пациентот. Ние тоа и го направивме. На 28.06 ја донесовме одлуката Ева да се лекува во турската болница каде што со издвоените средства од 145 илјади евра требаше да се изврши трансплантација на коскена срцевина и хемотерапија- рече Дончев.

Семејството на Ева ја одбило оваа понуда од ФЗО по што приложило приговор до Фондот.

-Службите од ФЗО излегоа во пресрет на барателот и стапија во контакт со германската болница, но оттаму повторувам не добивме никаква понуда- рече Дончев по што додаде дека шпекулациите за цената за лекувањето во Германија од 200 илјади евра не се точни.

Тој истакна дека при целата процедура се запазени сите законски постапки и дека од сите три понуди не е избрана најевтината.

Прашан дали чувствува одговорност, Дончев рече дека прашањето е тенденциозно.

-Ова е трагедија, лично сочувствувам, прашањето дали чувствувам одговорност е тенденциозно, Ева беше во многу тешка, животно-загрозувачка состојба- рече Дончев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This