Ќе поскапи лебот, мелничарите веќе прават пресметки за колку да биде зголемувањето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе поскапи лебот. Мелничарите веќе прават пресметки за колку да биде зголемувањето. Повисоките цени на суровините на светските берзи, намалената потрошувачка кај нас и забраната за зголемување на цената на брашното, го турнаа секторот на колена. Загубите се огромни, а помош нема, се жалат од мелничко-пекарската индустрија.

– За колку ќе поскапи, ќе зависи од секоја пекара посебно. Но, неминовно е да има зголемување на цената. Во некои земји поскапувањето е за 25 до 30%. Како ќе биде кај нас, ќе покажат пресметките, вели Горан Малишиќ, претседател на Групација на мелничко пекарската индустрија.

За надминување на состојбата следната недела ќе имаат средба со премиерот Заев. Ќе бараат субвенции за ланската година, но и план за враќање на производството на пченицата кај нас.Во моментов од дома се откупуваат само 65 илјади тони, или за 70% помалку откалку пред 10-15 години. Бараат и поголема контрола при увозот на евтиното српско брашно.

– Институциите поодговорно да си ја вршат работата и повеќе да го контролираат брашното кое се увезува од Србија, а не ги исполнува условите и квалитетот, додава Малишиќ.

Во меѓувреме, на светскиот пазар цените растат. Трендот се очекува да продолжи. За да остане житото дома, Русија воведе извозни давачки, а некои земји веќе почнаа да трупаат залихи, со надеж дека цената на лебот ќе остане иста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This