ЌЕ ПОЧЕКАМЕ ЗА СОНЧЕВО ВРЕМЕ: Утре променливо облачно со пороен дожд и грмежи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и појава на грмежи. Како што најавува УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде од 4 до 13, а максималната од 16 до 24 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Според УХМР, до средината на наредната недела ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува постабилно и потопло време.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This