ЌЕ СЕ OДЛOЖAT ЛИ ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ИЗБОРИ: Шпанија нeмa да го ратификува договорот за членство во НАТО до Нова Година, ќе се oдлoжyвaaт ли изборите?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс-министерот за надворешни работи и актуелен пратеник во Собранието на Р.Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, анализира дека ќе биде тешко, речиси невозможно Шпанија да го ратификува пристапниот договор за членство на земјава во НАТО пред Нова Година

Шпанскиот премиер Санчез и мандатар за состав на новата влада оствари средба со лидерот на опозицијата Пабло Каскадо (Конзервативци), со барање пратениците на оваа опозициска партија да апстинираат од Конгресот на денот кога ќе се гласа за составот на новата влада. Апстинирањето го намалува бројот на присутни пратеници и со тоа го намалува и бројот на апсолутното мнозинство кое партијата на Социјалистите на Санчез го нема обезбедено.

Според шпанските медиуми реакцијата на конзервативецот Каскадо не е охрабрувачка за Санчез, бидејќи ставот на опозицијата е дека не сака да влече потези кои ќе бидат алиби за инсталирање на крајната левица ПОДЕМОС на Паблос Иглесиас на вицепремиерскиот трон во владата.

Затоа, тешко е да се замисли формирање на стабилна влада во Мадрид пред Нова Година. Самото одолговлекување на овој процес ќе влијае и на одлагањето на ратификацијата на Протоколот за членството на Македонија во НАТО од страна на Шпанија. Следствено, препорачливо е Собранието на Македонија да си го заврши својот дел во ратификацијата пред да се самораспушти на 11ти февруари 2020 година. – анализира Милошоски.

Според коментарите на претставниците на Владата на Р.Македонија, Радмила Шекеринска и Зоран Заев, ова би можело да значи и одложување на закажаните предвремени парламентарни избори на 12.април идната година. Ова би следувало доколку Шпанија не успее да го ратификува пристапниот договор за членство на Македонија во НАТО, бидејќи би се одложила и ратификацијата на договорот и во македонското Собрание, кое би требало да се распушти пред парламентарните избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This