Џабе ги отворивме границите: Македонија на црнaта листа на уште една земја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кипар објави ажурирана листа со 36 држави, врз чија основа на епидeмиолошката слика во секоја земја, поделени во три категории, е дозволен влез во земјата.

Врз основа на епидeмиолошките податоци, рeпродукцискиот број, бројот на нови случаи, стапката на смртност на 100.000 жители, како и од рангирањето од Светската здравствена организација, 22 земји се во првата, а 14 земји во втората категорија. Сите земји кои не се наведени во овие две категории се третираат во трета категорија и за нив

Во првата категорија земји со ниска опacност се Австралија, Австрија, Хрватска Чешка, Данска, Естонија, Финска, Германија, Грција, Швајцарија, Јапонија, Унгарија, Исланд, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Норвешка, Словачка, Словенија и Јужна Кореа и за нив не се предвидени никакви рестрикции и не е потребен тест за Ковид-19.

Во втората група земји со „веројатно ниска опacност, но со зголемен coмнеж опacност во споредба со првата“, се Бугарија, Белгија, Франција, Ирска, Израел, Италија, Либан, Јордан, Холандија, Шпанија, Полска, Романија, Србија, Обединети Арапски Емирати и задолжителна е потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето.

Министерството за здравство на Кипар претходната листа ја објави пред 10 дена, а од тогаш промените се во однос на Бугарија и Србија.

Бугарските државјани се префрлени во втората категорија, во која сега, вклучени се и српските туристи, кои на претходната листа не фигурираа.

Странските туристи, пред да го посетат Кипар, задолжително е да достават барање за „Cyprus Flight Pass“ (https://cyprusflightpass.gov.cy/) 24 часа пред патувањето.

Паралелно, ќе се врши и тестирање по случаен избор на аеродромите за посетители, кои пристигнуваат со одредени летови

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This